Утрински Весник
Свет

(Видео) Нападнат конгресмен во Њујорк за време на предизборниот говор

Dik 300x250 mk

Неидентификувано лице се обидело да го прободе американскиот конгресмен Ли Зелдин со остар предмет додека тој држел говор во својата кампања за гувернер на Њујорк.

dobivaj vesti na viber

Како што соопшти изборниот тим на Зелдин, тој не е повреден, пренесува Танјуг.

На видео снимката објавена од сведоци на социјалните мрежи се гледа како неидентификувано лице со црна бејзбол капа се приближува до Зелдин на бината за време на вчерашниот предизборен митинг во американската сојузна држава Њујорк, држејќи оружје во рацете, наведува британската агенција.

На видеото се слуша како мажот му повторува „заврши“ на Зелдин додека посегнува по лицето и вратот на републиканскиот кандидат.

Конгресменот го оттурнал пред двајцата да паднат на земја, додека неколку други присутни се обиделе да го совладаат осомничениот. Портпаролката на изборниот тим на Зелдин на Твитер објави дека осомничениот се обидел да го избоде конгресменот, а тој и неговите соработници се неповредени.

Таа исто така рече дека Зелдин го завршил својот говор по инцидентот и им се заблагодарил на полицајците кои реагирале за време на нападот.

Локалната полиција не даде официјално соопштение во врска со овој инцидент, наведува британската агенција.

Можете да прочитате

Кина лансираше вселенско летало со тројца астронаути кон вселенската станица „Тјангонг“

Во Истанбул на 4 ноември состанок на министрите од исламските држави за мировниот план за Појасот Газа

Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп