Утрински Весник
Спорт

Марсијал ќе остане на „Олд Трафорд“

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг е подготвен да го задржи во напаѓачот Ентони Марсијал. Повремениот француски репрезентативец, вториот дел од минатата сезона, го мина на позајмица во Севилја.

dobivaj vesti na viber

Марсијал беше на трансфер-листата, но откако за него клубот не доби примамлива понуда, Тен Хаг реши да го задржи на „Олд Трафорд“.

26-годишниот напаѓач игра добро на претсезонските натпревари и постигна три гола на исто толку натпревари.

Тој во Манчестер дојде во 2015 година од Монако за околу 68 милиони евра и досега во дресот на „црвените ѓаволи“ забележа 269 настапи и постигна 79 голови.

Можете да прочитате

Тренер по кревање тегови во Грција набавувал и снабдувал спортисти со допинг супстанции

Македонските фудбалери гостуваат на Шкотска во дуел од Лигата на нациите

Ѓоковиќ падна на 12-то место на АТП листата