Утрински Весник
Македонија

На Табановце и Богородица за влез и излез од државата се чека до еден час

Во 18:00 часот, магистралниот пат Штип-Делчево помеѓу с.Балван и с.Крупиште е отворен за сообраќај, информира АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица за излез се чека околу 30-40 минути, а на ГП Табановце за влез се чека околу 1 час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај до 01.10.2022 за возила со вкупна маса до 3,5 тони.

Можете да прочитате

СДСМ бара да се објават имиња на потпалувачите на пожарите на отворено

Стевчо Јакимовски му возврати на Борко – Се прашуваш ли дали си достоен да ја извршуаат оваа функција?

СДСМ бара оставка од министерот за спорт Борко Ристовски