Утрински Весник
Македонија

Лажен јавен обвинител измамил кавадарчанка, и одзел 12.000 денари

Вчера во 10.40 часот во ОВР Кавадарци, 62-годишна жена од Кавадарци пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 12.000 денари.

dobivaj vesti na viber

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило, се претставило дека е Јавен обвинител од Скопје и дека против нејзиниот син наводно се водела судска постапка.

Како што е пријавено, лицето и побарало 300 евра за да му помогне на нејзиниот син во судски процес, а откако му кажала дека ја има само наведената сума, лицето се согласило и побарало парите да му ги пушти по такси возило во Гевгелија, по што го прекинало контактот со неа.

Се работи на расчистување на случајот по што ќе следи соодветна пријава, најави полицијата.

Можете да прочитате

“Транспарентност” по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, Левица бара итно да се повлече предлог-законот

Претрес во валандовско, пронајдени ловечко оружје и муниција

Засилени акции против дрвокрадството: За еден месец запленети 734 кубни метри дрва и поднесени 147 пријави