Утрински Весник
Свет

Захарова: Политичарите од ЕУ ја бараат причината за кризата во својот двор

Европските политичари треба да ги бараат причините за домашните кризи во своите грешки и непрофесионалност, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова во коментар во врска со изјавите на италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо, пренесува ТАСС.

dobivaj vesti na viber

Во телефонско интервју за американските медиуми во петокот, Ди Мајо рече дека оние во Италија кои сакаат колапс на владата на премиерот Марио Драги работат во интерес на Русија.

„Би ги советувале европските политичари причините за домашните кризи да ги бараат во сопствените грешки и непрофесионализам, чии социјални и економски последици се повеќе ги чувствуваат обичните граѓани на земјите на ЕУ“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

САД го нападнаа Иран, Техеран возврати

Протест на ултраортодоксните Евреи против задолжителната воена служба во Израел

Повеќе од 20 загинати откако Русија изврши голем воздушен напад врз Украина