Утрински Весник
Македонија

Никоб Медикал – Лидери во меѓународен медицински транспорт на пациенти

Во периодот од 01.04.2021 година до 17.07.2022 година реализиравме над 22 меѓународни медицински транспорти на пациенти со различни дијагнози.

dobivaj vesti na viber

Транспортиравме брзо и безбедно по сите светски здравствени протоколи, пациенти со сериозни дијагнози, заразени од Ковид 19, карциноми, кардиоваскуларни заболувања, фрактури како и други заболувања.

Бевме 24/7 континуирана подршка на нашите пациенти и заедно поминавме илјадници километри од Скопје до Германија, Швајцарија, Италија, Турција, Албанија, Грција, Црна Гора, Србија, Косово и други држави.

Ни беше должност и чест што ја стекнавме довербата од пациентите и не препознаа како установа која нуди најдобра, најдостапна и најквалитетна услуга во сегментот на брз и безбеден меѓународен медицински транспорт.

Ги поседуваме најмодерните и најсофистицираните медицински амбулантни возила во Македонија, опремени со последната генерација на технички, технолошки и медицински стандарди, како на пример, дефибрилатор LP20e, Преносен респиратор (вентилатор) за возрасни, деца, новороденчиња, 12V + вградена батерија, преносен аспиратор, со напојување од 220v AC и со вградена батерија од 12v DC, балони за вентилација за возрасни, деца и новороденчиња, комплет за имобилизација на вратен дел од рбетниот столб, делови за имобилизација (крагни), сет за фрактури, имобилизатор за глава, спинална даска, вакум имобилизатори, комплет за екстремитети и прохромски хидрауличен бокс за прифаќање на автоматското носило и хидрауличен систем за ублажување на вибрациите при возење.

ПР

Можете да прочитате

Нов пожар кај Смилковско Езеро – прекинат сообраќајот

Јавноста шокирана: Дете врзано со јажиња – МВР преземаат мерки

Владата задоцни, народот сам гаси, Димитриевиќ од Дојран со жестока критика