Највисоко рангираното британско училиште за танц го отфрли балетот од своите аудиции откако го нарече „елитистичка уметничка форма“, изградена околу „белите европски идеи и формите на телото“.
Училиштето со седиште во Лидс повеќе нема да бара балет како дел од аудициите, поради трошоците за учење на овој стил на танц, затоа што идеализира одредени форми на телото и улогите се поделени според полот, велат вработените, пренесе „Дејли мејл“.
Раководителката на додипломските студии на конзерваториумот, Франческа Мекарти, вели дека терминологијата на балетот има „силно родови корени“ и дека е „проблематичeн во однос на вклучувањето на трансродови танчери“.
Како проблематично се наведува тоа што се прави строга разлика меѓу балерина и балетан, а на часовите секојдневно се користат термини како „мажи и жени“ и „девојчиња и момчиња“.