Утрински Весник
Магазин

Објавени фотографии од венчавката на српската манекенка и ѕвездата на „Топ ган“

Објавени се фотографии од раскошната свадба на српската манекенка и актерка Нина Сеничар и американскиот актер и ѕвезда на филмот „Топ ган: Маверик“ Џеј Елис.

dobivaj vesti na viber

Двојката се венчаше на 9 јули во Тоскана, Италија, а за магазинот „Вог“ споделија фотографии од раскошната церемонија во вилата Mangiacane.

Двajцата објавија фотографии и на своите профили на Инстаграм.

„Вог“ пишува дека меѓу гостите биле и колегите на Елис од новиот блокбастер, меѓу кои  Грег Тарзан Дејвис и Глен Пауел, како и неговата колешка од Insecure, Иса Рае.

Нина носеше свилена венчаница од „Долче и Габана“ со дијамантски обетки и прстен од нејзината покојна баба. Џеј носеше темноцрвен смокинг од истата модна куќа.

Нина и Елис се запознаа во 2015 година во еден бар во Лос Анџелес, а се свршија четири години подоцна.

Можете да прочитате

Филмскиот и телевизиски проект за Тоше Проески ќе се снима во 2027 година, премиерата најавена за 2028

Австралијка обвинета за обид за труење колешка, со која наводно била во врска

„Меморија“ на 23 октомври со концерт во „Јане Сандански“