Утрински Весник
Македонија

Грковска – Улман: Соработката меѓу Македонија и Швајцарија дава резултати

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше работен состанок со амбасадорката на Швајцарија во земјава, Вероник Улман, со која разговараа за можностите за заедничка соработка во делот на антикорупциските политики, дигитализацијата, како и доброто управување.

dobivaj vesti na viber

Грковска и се заблагодари на амбасадорката на Швајцарија за безрезервната поддршка и долгогодишната соработка што двете земји ја имаат на полето на унапредувањето на демократијата, транспарентноста, како и антикорупциските политики.

Таа истакна дека за Република Северна Македонија од исклучително значење е проектите што се реализираат од странските донатори да бидат одржливи и по завршувањето на проектот и да предизвикаат системски промени.

Амбасадорката Улман оцени дека многу е важно во процесот на планирање на следните активности на вистински начин да се детерминираат приоритетите, со цел да се обезбеди ефикасност на процесот, како и видливи резултати.

Улман истакна дека се фокусирани на животната средина, климатските промени, водата, демократското владеење и парламентот, како и поддржа на приватниот и граѓанскиот сектор.

Двете соговорнички заклучија дека имаат широко поле за соработка и нагласија дека од исклучително значење да се работи на соработката со граѓанскиот сектор.

Можете да прочитате

ЦУК: Активни 9 пожари, изгаснати 16

Хеликоптерот на МВР фрли над 40 тони вода врз пожарот во Дојран

Детето сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истражна постапка за таткото од Ново Село