Крис Прат во понеделникот на социјалните мрежи ги покажа своите стомачни мускули во селфи без маица.
Актерот (42) на себе има фармерки и црни чевли на фотографијата, која се чини дека е направена или во приколка или во соба во мотел. На објавата напиша „Засечен“.
Не е јасно дали ѕвездата на Terminal List мисли на неговото затегнато торзо или на лажната рана на неговите гради, што всушност е сценска шминка замислена да изгледа како исеченица. На креветот има кошула со дамка што се чини дека ја носел во текот на снимањето.
Зафатениот актер, кој има листа на акциони филмови на својот распоред, вклучувајќи ги и Guardians of the Galaxy: Volume 3 и Cowboy Ninja Viking, неодамна изјави дека единствена улога што нема да ја преземе е онаа на Индијана Џонс.
„Знам само дека еднаш видов цитат од Харисон Форд, а не знам ни дали навистина беше тој, но беше доволно да ме исплаши“, рече Крис.
„Тоа беше нешто како: кога јас ќе умрам, Индијана Џонс ќе умре. И тогаш си помислив: ако го глумам Инди, дали ќе ме прогонува духот на Харисон Форд еден ден кога ќе почине?“
Крис и неговата сопруга Кетрин Шварценегер (32), ќерка на холивудската легенда Арнолд Шварценегер, во мај ја добија втората ќерка Елоиз Кристина. Постарата, Лајла, следниот месец ќе наполни две години.