Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Ова е историски ден, огромно е задоволството што по 17 години конечно ги отпочнуваме преговорите

Премиерот Димитар Ковачевски очекува Македонија да биде пример за најбрза интеграција на државата во ЕУ. Тој рече: „ ако по утрото се познава денот, ова ќе биде историски и добар ден, кој ќе обезбеди европска, сигурна и безбедна иднина“.

dobivaj vesti na viber

„ Нивната заложба беше клучна во Брисел да го направиме првиот чекор кој ќе не одведе до полноправно членство. Верувам дека овој нов почеток ќе значи просперитет и напредок. Кога има напредок во една земја, тоа значи поттик и за другите соседи. Како што и досега сме работеле за граѓани, така продолжуваме. На тој начин работиме и за нас самите и за забрзување на процесот за пристап до ЕУ. Огромно е задоволството што по 17 години чекање, денеска конечно ги отпочнуваме преговорите, отвораме нови перспективи за државата и полека но сигурно се приклучуваме кон европското семејство“, рече Ковачевски.

Тој смета дека ова е чекор за напредок за цел регион.

„ Европскиот предлог кој го добивме преку широк консултативен процес го препознавме како најдобро можно решение, кое од повеќе аспекти ги почитува и задржува црвените линии, а дава почеток на преговорите. Во него е прецизиран македонскиот јазик без дообјаснувања. Со тоа се отвора нашиот македонски јазик да стане официјален јазик во ЕУ, што за мене голем успех. Не само што јазикот ќе биде заштитен, туку ќе добие промоција. Многу земји и култури кои немаат допир со македонскиот јазик, ќе се запознаат. Нашиот идентитет, ќе остане тоа, автентично, македонско и во ЕУ. Тоа за Унијата ќе биде поголемо богатство. Нашето место е во ЕУ“, додаде Ковачевски.

Можете да прочитате

Арсовска до Николовски: Откако цела држава виде дека имаш надлежност да рушиш дивоградби, почни со тие што се реална закана

„ДУИ ги остави пожарникарите на немилост, вработуваме 400 пожарникари и градиме функционален систем за противпожарна заштита“, велат од „Влен“

На граничните премини без поголеми задржувања за влез и излез од државата