Утрински Весник
Спорт

Дибиров емотивно се збогува со навивачите на РК Вардар

Рускиот интернационалец Тимур Дибиров, по една деценија, го напушти Вардар 1961 и потпиша за ППД Загреб. Тој на социјалните мрежи се заблагодари за поддршката во Вардар и се збогува со навивачите.

dobivaj vesti na viber

„Драги пријатели, веројатно треба да има текст за многу страници затоа што сакам да му се заблагодарам на секому од вас. Ви благодарам што ми го дадовте чувството да се биде дома, за поддршката, љубовта и за вербата во мене!

Ми беше голема чест да го носам дресот на Вардар и се гордеам што сум дел од семејството. Сакам да им се заблагодарам на Македонија, Скопје, „комити“, навивачите, Сергеј Самсоненко, сите играчи и на вработени во клубот, вие сте засекогаш во моето срце“, напиша Диборов на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Новак Ѓоковиќ стана првиот тенисер со 400 победи на грен слем турнирите

Ѓоковиќ без борба четвртфиналист на Австралија опен

АО: Тиен со совлада Медведев за прво грен слем четвртфинале