Утрински Весник
Македонија

Велосипедист удрил жена на кеј на Вардар и побегнал

47-годишна тетовчанка била удрена од велосипед на кејот на реката Вардар, а велосипедистот, како што соопшти полицијата, побегнал.

dobivaj vesti na viber

Имено, синоќа во 20:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на велосипедска патека на кеј на реката Вардар, велосипед удрил во пешакот М.Ќ.(47) од Тетово, по што го напуштил местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ќ., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

ДОМ: Повикот на ЕУ за побрзи реформи е сериозен сигнал – изборниот законик и борбата против корупцијата остануваат сериозни предизвици

Хоџа  на Министерска конференција на Процесот за соработка во ЈИЕ – Заеднички пристап кон климатските предизвици 

Кривична за правно и физичко лице од Радовиш, нелегално заработиле скоро 1,5 милиони денари