Утрински Весник
Свет

ЕУ преговара за уште поостри санкции против Русија

Dik 300x250 mk

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска во Брисел се очекува да разговараат за новите санкции против Русија. Меѓу мерките што се разгледуваат е и забраната за купување злато од Русија, потег што САД веќе го повлекоа.

dobivaj vesti na viber

Се очекува дека Европската Унија би можела да ги прошири санкциите на повеќе лица поврзани со Русија.

Висок претставник на ЕУ за агенцијата „Франс прес“ изјави дека ЕУ најверојатно ќе разговара за нови санкции на состанокот, но нема да донесе одлука веднаш.

„Предлагаме да се заострат строгите санкции на ЕУ против Кремљ, да се спроведат поефикасно и да се продолжат до јануари 2023 година. Москва мора да продолжи да плаќа висока цена за својата агресија“, рече Фон дер Лајен.

„Санкциите на ЕУ се остри и силно ја погодуваат (Русија). Ние продолжуваме да ги таргетираме оние блиски до Путин и Кремљ… Исто така, ќе ги претставам предлозите на Советот да се стави список на неколку поединци и организации, со замрзнување на нивните средства и ограничување на можноста за патување“, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел.

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно