Утрински Весник
Магазин

Џеј Ло и Бен Афлек се венчаа во Лас Вегас

Холивудските ѕвезди Џенифер Лопез и Бен Афлек се венчаа во Лас Вегас, потврди г-ѓа Лопез.

dobivaj vesti na viber

„Го направивме тоа. Љубовта е убава. Љубовта е љубезна. И излегува дека љубовта е трпелива. Дваесет години трпелива“, напиша таа на својата веб-страница.

Венчавката се случи 17 години откако ја откажаа првата свршувачка.

Веста за обновената романса минатата година ги воодушеви фановите.

Канцеларијата на округот Кларк во Невада – каде што се наоѓа Лас Вегас – на својот систем за евиденција покажува дека Џенифер Лопез ќе го промени своето име во Џенифер Афлек.

„Во право се кога велат: сè што ви треба е љубов“, напиша таа.

Можете да прочитате

Македонците се послаби од европејците – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

ГЛОБАЛЕН ИСЧЕКОР ЗА МАКЕДОНСКАТА МУЗИКА: Раперот Кацар со своја песна во финалната епизода од холивудската серија „M.I.A.“

Кинопремиери на српскиот документарец „Југото оди во Америка“