Утрински Весник
Свет

Во Шри Ланка прогласена вонредна состојба

Вршителот на должноста претседател на Шри Ланка Ранил Викремесинг прогласи вонредна состојба, објави владата доцна синоќа.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението се наведува дека „тоа е целисходно во интерес на јавната безбедност, заштитата на јавниот ред и одржувањето на снабдувањето и обезбедувањето на услуги од суштинско значење за животот на заедницата“, пренесува „Ројтерс“.

Соборениот претседател Готабаја Раџапакса, кој побегна во странство минатата недела за да избега од народниот бунт против неговата влада, рече дека ги презел „сите можни чекори“ за да се избегне економска криза што ја зафати земјата.

Парламентот во петокот ја прифати оставката на Раџапакса, кој побегна прво на Малдиви, а потоа во Сингапур, откако стотици илјади антивладини демонстранти излегоа на улиците на Коломбо пред една недела и ја окупираа неговата официјална резиденција и канцеларии.

Парламентот на Шри Ланка се состана во саботата за да го започне процесот на избор на нов претседател.

Во земјава пристигна и многу потребната пратка гориво, која ќе го ублажи недостигот на гориво.

Викремесинге, сојузник на Раџапакса, е еден од главните претенденти за преземање на претседателската функција, но демонстрантите бараат и тој да си замине, што ќе доведе до потенцијални дополнителни немири доколку биде избран.

Можете да прочитате

Британија лансираше монети во чест на бендот „Ајрон Мејден“

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина