Утрински Весник
Спорт

Кан: Не сум сигурен дека трансфер на Роналдо би бил добар за Баерн и за Бундеслигата

Извршниот директор на Баерн Минхен, Оливер Кан, го сподели своето мислење за можниот трансфер на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, во баварскиот клуб.

dobivaj vesti na viber

„Навистина ми се допаѓа Роналдо, кој е фантастичен играч. Но, секој клуб има своја филозофија и не сум сигурен дека привлекувањето на Роналдо сега би било вистинскиот сигнал за Баерн и за целата Бундеслига. Таквиот потег не мора да се совпаѓа со нашите идеи“, изјави Кан за „Билд“.

37-годишниот напаѓач пропушти неколку тренинзи на Мначестер Јунајтед и исто така не отпатува со тимот за претсезонскиот тренинг камп во Тајланд. Португалецот минатата сезона одигра 37 натпревари за „црвените ѓаволи“ на кои постигна 24 гола и забележа три асистенции.

Неговиот договор со клубот истекува во летото 2023 година.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина