Утрински Весник
Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

dobivaj vesti na viber

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

СВР Тетово со низа мерки и постапувања за средување на хаосот на патиштата кон Маврово и Попова Шапка

Касами: Да има отворени листи, а со измените на Изборниот законик да се изнајде можност за поголемо учество на дијаспората во гласањето

„Подавам рака кон единството“ – Костадинов го одмрзна членството во СДСМ