Утрински Весник
Македонија

Костовски по инцидентот: Насилничкото однесување на Апасиев, не е ништо ново

Dik 300x250 mk

Да се контролираш во даден момент од пцовки и навреди од “невротичниот” колега е одлика на здрав ум. Безброј навреди, колнења и закани можеби може да ги реши еден нокаут, но тоа на улица не во храмот на демократијата, напиша на социјалните мрежи пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски по инцидентот во Собрание со Димитар Апaсиев од Левица.

dobivaj vesti na viber

„Лудилото ќе се заборави, ама рационалноста народот ќе ја памети. Соочен со целосен распад и неуспех на сценаријата за насилно стопирање на европската иднина на државата, на Апасиев не му преостана ништо друго освен да ги пренесе тензиите во Собранието“, додава Костовски.

„Свесен дека не му поминуваат лагите за бугаризација и асимилација на Македонците, не му преостана ништо друго освен да се заканува со физичко насилство.
Агресијата на Апасиев кон мене, е само изблик на неговата немоќ, и ништо повеќе од тоа.
Впрочем, насилничкото однесување на Апасиев, не е ништо ново ниту за нас пратениците, ниту за граѓаните.
Тоа е истиот оној Апасиев кој се закануваше дека ќе стрелал луѓе, кој секојдневни се заканува, клевети, шири говор на омраза.
Но, ниту тој, ниту тие за кои ги одработува овие антидржавни сценарија, нема да успеат да ни застанат на патот на европската идна на државата.
Влегуваме во ЕУ како Македонци, со признат македонски јазик нез никакви фусноти и додавки, со чист македонски идентитет“, напиша на Фејсбук пратеникот од редовите на СДСМ.

Можете да прочитате

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!

Хорор во Скопје: Девојче на 16 години сексуално злоупотребено од очувот, мајката знаела но не спречила