Утрински Весник
Свет

Пилот го приземјил авионот на автопат, полицијата го уапсила

Пилот во алкохолизирана состојба бил уапсен откако мал авион слетал на автопат југоисточно од Канзас Сити во американската држава Мисури, јавува Анадолија.

dobivaj vesti na viber

Авионот слетал откако пилотот преку радио-врска кажал дека нема гориво, соопштија властите.

Поради несреќата источно од долината Граин, на околу 20 милји југоисточно од Канзас Сити, автопатот бил затворен јавуваат агенциите.

Авионот имал помал судар со заштитната ограда, но за среќа немало други поголеми штети или повредени, соопштиле за тамошните власти.

Пилотот бил единственото лице во авионот. Тој се здобил со полесни повреди и по апсењето бил хоспитализиран, соопштила полицијата, според агенциите.

Можете да прочитате

Нови ирански напади врз Кувајт, Јордан и Бахреин

Речиси 100 американски војници повредени во ирански напади за две недели

„Рајанер“: Прелиминарната истрага за инцидентот со прозорецот упатува на оштетување на моторот од „туѓ предмет“