Утрински Весник
Македонија

(Видео) Николоски: Додека прават бугаризација, не забораваат да крадат

„Треба неколку работи да разјасниме пред македонската јавност. Прво, зошто сме денес овде и зошто сме како држава доведени во оваа ситуација. Доведени сме овде и во оваа ситуација затоа што на едната страна ја имаме Бугарија која што максимално ги штити сопствените национални интереси и позиции кои што не се од вчера туку се истите од пред 150 години, и се многу едноставни. И според Бугарија на оваа територија живеат доминантно бугарско население кое што зборува дијалект на бугарскиот јазик. Тоа е една национална стратегија која е на Бугарија веќе 150 години. А, од другата страна имаме Влада која што е длабоко влезена во криминал и во корупција и на која што единствено и треба сликање за да продолжи неколку дена мандат“, истакна Александар Николоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

dobivaj vesti na viber

Тој додаде дека додека во моментов пратениците во Парламентот разговараат и дебатираат, во РЕК Битола се местат тендери во корист на власта.

„Додека ние во моментов разговараме во РЕК Битола се подготвува Анекс на тендерот во четири очи кој што беше доделен околу Нова година во вредност од 28 милиони евра. Значи на 28 милиони евра тендер доделен во четири очи, додека ние разговараме овдека подготвуваат Анекс, како што вчера ви стигна материјал дека ќе се гласа за задолжување за ЕЛЕМ во вредност од 100 милиони евра за да дополнително таму да се прави криминал и корупција. Значи додека јавноста се занимава со ова, паралелно криминалот и корупцијата си тече и затоа им треба уште некое сликање“ – нагласи Николоски.

Посочи да нема манипулација со јавноста бидејќи преговарачката рамка ја усвојува Влада.

„И на оваа преговарачка рамка од Владаа кажаа ДА уште во средината на јуни, кога претставници на министерството за надворешни работи и Кабинетот на претседателот Макрон доаѓаа тука во Скопје неколку пати и се среќаваа со нив. и од оваа преговарачка рамка тие не можат да мрднат затоа што кажале ДА. Оваа преговарачка рамка или се усвојува или се отфрла. И едното и другото можат да го направи Влада, а не Собранието. Овдека седиме два дена и веројатно и ќе седиме уште некој ден од причина што сакаат да си ја исперат совеста пред јавност и да излезат во јавност и да речат еве Собранието одлучи“ – потенцира Николоски.

Можете да прочитате

Во пожарот во Чучер Сандево изгоре магацинот на „Фриком“ – сите вработени се безбедни

Изречени 86 мерки за сообраќајни прекршоци во Кичево

Рекорден број на итни повици на 112, примени 4199 повици за еден ден