Утрински Весник
Спорт

Ништо од трансферот на Нејтан Аке во Челси

Дефанзивецот Нејтан Аке нема да се пресели во Челси и следната сезона ќе остане во Манчестер Сити, пренесува медиумите на Островот.

dobivaj vesti na viber

Лондончани покажаа силен интерес да го вратат холандскиот репрезентативец, кој беше дел од клубот во периодот од 2011 до 2017 година, но на крајот нема да биде постигнат договор со англискиот шампион. Причината е што Челси не ги задоволи барањата на „граѓаните“ кои за својот дефанзивец бараат 50 милиони фунти.

И Аке и Манчестер Сити се задоволни што фудбалерот ќе продолжи да го носи дресот на тимот. Во меѓувреме, Челзи се пренасочи и веќе започна разговори со Преснел Кимпембе од Пари Сен Жермен, откако го обезбеди потписот на Калиду Кулибали од Наполи.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина