Утрински Весник
Македонија

Приведен велешанец – претепал сограѓанин, кој починал од повредите

Полицијата синоќа привела велешанец кој претепал сограѓанин во казино во Велес, а натепаниот подоцна починал од повредите.

dobivaj vesti na viber

По преземени мерки било констатирано дека на 09.07.2022, Д.В. со повреди бил пренесен во болницата во Велес и во службен разговор со полициските службеници изјавил дека не се сеќава како се здобил со повредите, по што самоиницијативно ја напуштил болницата. На 13.07.2022 во својот дом тој бил пронајден во тешка состојба и повторно бил пренесен во болницата каде што починал. По наредба на Јавен обвинител врз телото била извршена обдукција и било утврдено дека смртта настапила како последица на здобиените повреди.

По преземени мерки, извршени разговори со повеќе лица, како и прегледување на безбедносните камери од казиното, било дојдено до сознанија дека сторител на делото е Г.Ш., кој бил пронајден и лишен од слобода во Стар Дојран.

По целосно документирање на случајот и во координација со Основното јавно обвинителство Велес , против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

Метеж на Табановце, се чека по 40 минути

(Фото) Свечено отворено 65. издание на Охридско лето

Убиецот оставил порака на фејсбук меѓу убиените 11 годишно дете