Утрински Весник
Македонија

Спасовски и денеска со апел за мирни протести

Dik 300x250 mk

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски апелира на мирни протести.

dobivaj vesti na viber

„ Доколку сакате да го изразите своето демократско право на јавен собир (протест) апелирам истото да го сторите на достоинствен и мирен протест. Притоа, полициските службеници ќе бидат на должност исклучиво за обезбедување на граѓаните и на виталните државни објекти, а со цел избегнување на немили настани.

Уште еднаш, повикувам на одговорно однесување во клучен момент за демократијата. Без обиди за насилство, без креирање тензии и без говор на омраза.
Очекувам редот и поредокот да бидат максимално испочитувани, во духот на европските вредности кои сакаме да ги интегрираме во нашето општество и кои претставуваат двигател за напредок за сите граѓани.

Бидете уверени, ова раководоство на Министерството за внатрешни работи и македонската полиција остануваат посветени на гарантирањето на демократските процеси и на одржувањето на редот, мирот и стабилноста“ напиша Спасовски на Фејсбук.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова прифати да биде покровителка на 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински”

Почнува акцијата „72 часа чисто Скопје“ – Ѓорѓиевски го стартува ветувањето за почист град

Забрана за користење на водата за пиење во Берово поради зголемено присуство на манган