Утрински Весник
Свет

Најновата подваријанта на омикрон може да е најлоша досега

Dik 300x250 mk

Британски „Сан“ пишува дека најновата подваријанта на омикрон која се шири во Велика Британија би можело да биде најлоша досега.

dobivaj vesti na viber

БА.5 го поткренува летниот бран на Ковид 19, а американскиот лекар Ерик Топол изрази загриженост поради можноста на преносливост и пробивање на имунитетот. Докторот вели дека како подваријанта, БА.5 има далеку повеќе способности да навлезе во ќелиите, што објаснува зошто оваа верзија на вирусот предизвика толку многу проблеми.

Не само што припаѓа на семејството омикрон, туку има и сличност на делта сојот кој покажа дека е со тешки симптоми и повисока стапка на хоспитализација.

„Бројните студии досега покажаа дека омикрон предизвикува поблаги симптоми. Затоа прерано е да се рече дека варијантата БА.5 ќе предизвика тешка клиничка слика, но тоа може да се очекува поради особеностите на инфективноста налик на делта сој“ изјави Топол.

Докторот додава дека е тешко да се дефинира колку оваа подваријанта може да биде опасна во споредба со претходните соеви.

Тој вели дека подваријантата БА.5 досега е најслична на делта сојот, па и понатаму најефикасна заштита е носењето заштитни маски, држење дистанца, проветрување на простории, вентилација и вакцинација.

Можете да прочитате

Виетнам под налет на тајфунот Калмаеги

Израел ја прогласи границата со Египет за затворена воена зона

Нема враќање на средствата на „Лукоил“, дури и ако санкциите се укинат