Утрински Весник
Македонија

Францускиот предлог денеска пред пратениците, ќе им се обрати и претседателката на ЕК

Собранието денеска ќе го разгледа францускиот предлог за отстранување на бугарското вето и почеток на преговори со ЕУ.

dobivaj vesti na viber

Во 13 часот е закажана седницата, на која пред парламентарците ќе се обрати претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Половина час потоа е закажана нова седница на која единствена точка на дневен ред е „Информации за содржината на Нацрт-преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија со Европската унија, што беше предложена од француското претседателство до Советот на Европската Унија на 30 јуни“.

Можете да прочитате

Од ноќва зимско време: часовниците се поместуваат од 3 на 2

Уапсен српски државјанин, управувал возило со брзина од 166 км/ч на местот каде брзината е ограничена на 80 км/ч

Левица: Студентите ќе ја тужат Јаневска, МОН мора да го покачи студентскиот оброк