Утрински Весник
Свет

Хеликоптер се урна во море кај грчкиот остров Самос

Хеликоптер кој учествуваше во гаснењето на шумски пожар на грчкиот остров Самос денеска се урна во морето.

dobivaj vesti na viber

Три лица се водат како исчезнати, соопштија претставници од локалната противпожарна единица. Тие изјавија дека во тек е спасувачка операција, а во авионот имало четири лица, пренесува „Ројтерс“.

Официјален претставник на крајбрежната стража изјави дека едно лице е спасено.

Хеликоптерот е изнајмен од владата за гаснење шумски пожари, изјави претставник на грчкото Министерство за одбрана.

Можете да прочитате

Најмалку едно лице загина, петмина се повредени во рускиот напад врз Киев

Израел нападна болница во Газа, хирург меѓу загинатите

Украинците погодија моќен руски воен брод