Утрински Весник
Македонија

Акција за чистење на Камениот мост

По налог на Град Скопје деновиве екипи на јавните претпријатија Комунална хигиена, Улици и патишта и Бригадата на противпожарна заштита на Град Скопје во заедничка акција целосно го исчистија Камениот мост.

dobivaj vesti na viber

На екипите од јавните претпријатија на терен им помагаа пожарникари коишто ги чистеа непристапните делови на мостот. Се пристапи кон целосно чистење на диво изникнатата вегетација на самите столбови на Камениот мост и целосно беа отстранети отпадоците што несовесните граѓани ги фрлаат во испакнатите делови на столбовите, информираат од Град Скопје.

„Во текот на акција екипите собраа пет кубни метри отпад, односно пластични шишиња, лименки, вегетација и друг вид на отпадоци. Пожарникарите на терен користеа јажиња, скали и други помагала за да ја завршат успешно заедничката акција за темелно чистење на Камениот мост, кој како национално културно наследство е еден од најзначајните знаменитости на градот Скопје“ стои во нивното соопштение.

Можете да прочитате

Во АРМ ќе бидат примени нови 300 професионални војници

Сиљановска Давкова: Не мислам дека треба да има предвремени избори

Проштална средба меѓу Агелер и Мицкоски