Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Проруски инсталации на насилните протести на антиевропската коалиција на Мицкоски и Апасиев

Педесетина повредени полицајци, фрлање на запаливи течности кон полицијата, обиди за исценирано крваво сценарио за меѓуетнички инциденти е епилогот од насилните протести на антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Алијанса за Албанците. На виделина излегуваат нови докази за поврзаноста помеѓу насилниците од протестите и ВМРО-ДПМНЕ со проруски инсталации, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додават дека руските знамиња на протестите, навредите кон сограѓаните од другите народи и етнички заедници во државата се јасен доказ дека протестите не се против европскиот предлог, туку неуспешен обид за рушење на владата и имаат за цел да создатат етнички конфликт, да ја дестабилизираат земјата.

Истовремено, ВМРО-ДПМНЕ со денови молчи и не одговара која е поврзаноста на политичкиот дезертер од Армијата Драган Ковачки со насилниците под качулки пред Собранието.

Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и Левица прават се за да одработат за туѓи центри на моќ, да ја дестабилизираат државата и да ја оддалечат од ЕУ.

Тоа нема да им успее. Институциите и граѓаните нема да дозволат да успеат крвавите сценарија на Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев. Секој кој ќе се обиде на каков било начин да ја загрози стабилноста на државата ќе одговара согласно законите, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата

Поради пожар во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод – Скопје