Утрински Весник
Македонија

310 санкции за брзо возење

310 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (11.07.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 310 возачи.

dobivaj vesti na viber

Од нив 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 114 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 196 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

СДСМ: Ноќни волци, периметар Сомалија – ВМРО дипломатија

Кумановец фатен со 28 клучеви за отварање брави

Крмов: ВМРО – ДПМНЕ бара консензус, СДСМ и ги врза рацете на опозицијата, а државата живее на кредит за кредит