Утрински Весник
Свет

Украинскиот гувернер: Русите праќаат регрути да загинат така ги откриваат украинските позиции

Dik 300x250 mk

Серхи Хајдај, украинскиот гувернер на окупираната област Луганск, на својот канал „Телеграм“ објави дека се уште се држат мали делови од Луганск, додавајќи дека се водат жестоки битки.

dobivaj vesti na viber

Тој ги обвини руските сили дека ги користат регрутите од окупираните делови „како топовско месо“.

„За нив е сигурно дека нема да ја преживеат ниту првата битка“, вели Хајдај, тврдејќи дека Русите ги испраќаат да го привлечат украинскиот оган и на тој начин да ги откријат позициите на украинската армија, изјавил Хајдај според агнециите.

Според него руските сили кои окупирале голем дел од Луганск не можат да овозможат нормален живот во тој регион.

Ваквите тврдења според медиумите во регионот, не се независно потврдени.

Можете да прочитате

Филипини се подготвува за нов супертајфун

Ужас во Дубаи: Масакриран руски милионер, телото фрлено покрај контејнер

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп