Утрински Весник
Спорт

Роналдо ќе остане во Манчестер јунајтед

Кристијано Роналдо побара трансфер од Манчестер Јунајтед, но англискиот клуб не сака да го продаде. Роналдо сака да оди во клуб кој оваа сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Клубот му порача на 37-годишниот Португалец дека ќе остане на „Олд Трафорд“.

dobivaj vesti na viber

„Разговарав со Роналдо пред да се појави овој проблем. Разговорот беше пријатен“, изјави менаџерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг, додавајќи дека Роналдо не е на продажба.

Минатата сезона португалскиот напаѓач постигна 24 гола на 38 настапи за Манчестер Јунајтед.

„Прочитав дека сака да замине, лично тоа не ми го кажа. Роналдо не е на продажба. Роналдо е во нашите планови и сакаме заедно да создаваме успеси. Тој не е со нас на тренинзите од лични причини, но сите ние со нетрпение очекуваме да работиме со него“.

Можете да прочитате

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години

Дисциплински постапки против Шкендија Арачиново и Камјани од страна на ФФМ