Утрински Весник
Свет

Австријците ги намалуваат трошоците, поради растот на цените се откажуваат од домашни миленици

Во Австрија се повеќе луѓе имаат проблеми со растот на цените и високата инфлација, па многумина одлучија да се откажат од своите миленици, пишуваат медиумите во регионот.

dobivaj vesti na viber

Според нивните анализи, домот за напуштени животни во Фесендорф во близина на Виена се соочува со бран на напуштање домашни миленици поради зголемените трошоци за живот.

„Во нашиот дом моментално се соочуваме со масовен број на носење домашни миленици, големи и мали“, соопштиле од организацијата „Заштита на животните Австрија“.

Истовремено, истакнуваат дека стотици чинии за храна ја ставаат организацијата пред голем предизвик, бидејќи ова е веќе четврти бран на напуштање миленици во изминатите две години.

Инаку, оваа организација секојдневно згрижува 1.200 напуштени животни во домот во Фезендорф.

Можете да прочитате

Путин ќе одговара на прашања од „западни“ новинари во Санкт Петербург

Иран тврди дека нема напредок, Трамп вели дека преговорите одат „многу добро“

Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за прекин на воените дејствија против Иран