Утрински Весник
Македонија

Советниците од опозицијата ја прекинаа седницата на град Скопје и порачаа – НЕ за бугаризација

Советничката група во Град Скопје составена од ВМРО-ДПМНЕ, Социјалистичка партија на Македонија, МААК, Демократски сили на Ромите, Демократска партија на Србите во Македонија, Српска напредна странка во Македонија, Роми обединети од Македонија (РОМ), ГЛАС за Македонија, Демократска бошњачка партија и Левица направи прекин на седницата во град Скопје и порача НЕ за бугаризација и асимилација на Македонија, соопштуваат оттаму.

dobivaj vesti na viber

„Додека се прави предавство на националните и државни интереси нема да седиме неми и ќе бидеме гласни против негаторската политика на владата на националните и државни интереси и отворената бугаризација наметната од Владата предводена од антимакедонската СДСМ. Македонија не смее да биде заложник и жртва на предавствата на владата предводена од СДСМ и ДУИ“ стои во соопштението на Советничката група.

Можете да прочитате

Кривична за шест лица, новородено бебе „продадено“ за 500 евра

ДОАЃА СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Жолто и портокалово ниво на предупредување

Променливо облачно со повремен дожд и грмежи