Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Османи да не го кријат протоколот, тој значи бугаризација на државата

Ковачевски и Османи да не го кријат протоколот, тој значи бугаризација на државата, народот е против тоа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Владата прво кажа дека ќе го објави, а сега веќе втора недела не го објавува протоколот. Предлогот кој власта сака да го помине низ Собрание е на штета на македонските национални интереси. Секој ден десетици илјади луѓе кажуваат не за бугаризација и асимилација. Академската заедница, новинарите, колумнистите, сите се гласни и јасни дека предлогот кој владата сака да го турка во Собрание ги негира македонскиот јазик и идентитет“, се истакнува во соопштението од опозициската партија.

Со предлогот, појаснуваат од таму и се дава право на Бугарија и да ги пишува учебниците по историја во Македонија и да ја блокира земјата на патот кон ЕУ, ако нешто не и се допаѓа.

„Владата не води грижа за македонските интереси, тие само сакаат да добијат сликање во Брисел, и да ја остават Македонија потоа со еден тон проблеми. Власта не смее да го игнорира народот. Предлогот мора да го отфрли, и да не се користат пратениците од мнозинството да гласаат нешто што е на штета на Македонија“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Тоневски со порака за подршка на манифестацијата посветена на лицата со попреченост

Претежно облачно со локални врнежи, снег на повисоките места

Филипче ќе го менува цел извршен одбор на партијата