Утрински Весник
Македонија

Украдени капаци на шахти, опожарени шахти и цевки – вандалски чин во Бутел

Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, при рутинска проверка на атмосферската канализација на улицата Александар Урдаревски кај мостот на реката Серава во општина Бутел, открија вандалски чин кој е на голема штета на претпријатието, но и на самите граѓани, како и опасност по нивната
безбедност.

dobivaj vesti na viber

Имено, при проверката на оваа линија беше установена кражба на капаците на шахтите, опожарување на шахтите но и на самите цевки кои се дел од атмосферската канализација. Веднаш по овие сознанија, случајот беше во пријавен во Општина Бутел и МВР од каде беше извршен испекциски надзор и случајот беше заведен од страна на надлежните институции.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, веќе утрово ја оспособија атмосферската канализациска линија со дијаметар на цевка ф1000мм, каде во текот на вчерашниот ден беше утврдено извршување на вандалски чин и нејзино оштетување и обезбедија непречен проток на атмосферска вода во истата.

ЈП Водовод и канализација – Скопје, во однос на овој случај по службена должност ќе поднесе две пријави за сторено злодело, една за кражба и една за опожарување
на атмосферската канализација.

ЈП Водовод и канализација – Скопје, јавно и строго го осудува ваквото неодговорно однесување на групи на поединци, кои нанесуваат штета не само на претпријатието туку и на граѓаните на град Скопје и претставуваат опасност за околината.

Можете да прочитате

Борис Трајковски се превртува во гроб од најновата мигрантска политика на ВМРО-ДПМНЕ

Орбан со честитки до ВМРО-ДПМНЕ: По години опозиција, денес сте една од најуспешните политички партии во Европа

Околу половина час се чека за излез од државата на премините „Дојран“ и „Табановце“, ГП Евзони блокиран за сообраќај