Утрински Весник
Македонија

(Видео) Блокада кај Владата – поставени столици и шатор, полицијата ја чува зградата

Тивка патриотска музика, македонски знамиња и извиркување на Владата. Ваква е атмосферата на Илинденска, односно скопската блокада. Со автомобили е спречен сообраќајот на почетокот на булеварот и на крстосницата со булеварот св Климент Охридски.

dobivaj vesti na viber

На средината се поставени столици и шатор. Барокната зграда ја чува полицијата, на која демонстрант им рече: „Кого чувате, што браните?”. Присутни се и специјалци за брзи интервенции.

Граѓаните носат и транспаренти со „не“ кои се однесуваат на францускиот предлог. Присутни се и политичари од ВМРО-ДПМНЕ, заедно со Христијан Мицкоски, лидерот на пртијта.

Блокадата пред Владата трае скоро недела.

Можете да прочитате

Богоев и уште тројца добија 30 дена притвор

Пијан со пиштол се обидел да ограби локал во Тетово, полицијата експресно го уапси

Хуманоста спаси живот: Успешно пресадено срце кај пациент во Македонија