Утрински Весник
Магазин

(Видео) Објавен првиот трејлер за „Прстените на моќта“

„Амазон“ објави трејлер за претстојната ТВ адаптација на универзумот на Толкин, насловена „Господарот на прстените: Прстените на моќта“.

dobivaj vesti na viber

Високобуџетна продукција и исклучителна сценографија открива многу од ликовите на еден од најпопуларните светови на епската фикција, како и живописни локации.

Започнува со прикажување на пејзажи на Средната Земја проследено со монтажа на ликовите од серијата кои гледаат комета на пат низ атмосферата. Фановите можат да ги видат првите погледи на Енти, омилената раса на луѓе од дрвјата на Средната Земја.

The Lord of the Rings: The Rings of Power  ги следи настаните од второто доба на универзумот на Толкин – настани кои се случувале пред оние во филмовите „Хобит“ и „Господарот на прстените“ и ковањето на прстените на моќта кои му овозможиле на темниот господар Саурон да владее со поголемиот дел од Средната Земја.

Можете да прочитате

Филмови што ја одбележаа првата половина на 2026 година

Колку кафе можете да пиете без ризик за вашето срце

Јапонките против новата владина одлука за носење кратки пантолони во канцелариите