Утрински Весник
Спорт

Академија Пандев убедливо поразена од Лехија Гдањск

Академија Пандев загуби со 4:1 на гостувањето против Лехија Гдањск во првиот натпревар меч од воведната квалификациска рунда во Конференциската лига на УЕФА. Флавио Паишао беше стрелец на хет-трик, погоди и Лукаш Зволински, а единствениот гол за Академија Пандев го постигна Душан Јоковиќ во 81.минута од мечот.

dobivaj vesti na viber

Натпреварот почна со инцидент на трибините и беше прекинат околу половина час откако домашните навивачи дивееја на трибините.

Флавио Паишао го отвори резултатот во 17.минута, а Лукаш Зволински осум минути подоцна зголеми на 2:0. До крајот на првиот дел, Паишао погоди и во 39.минута за убедлива предност на Лехија.

Во второто полувреме, Флавио Паишао се погрижи за хет – трик во 66.минута. Во завршницата од мечот, Академија Пандев постигна почесен погодок во 81.минута преку дефанзивецот Душан Јоковиќ.

Можете да прочитате

Претседател на македонски фудбалски клуб фатен со шверцувано злато во Турција

Иранските спортисти добија забрана за патување во „непријателски земји“

Тешка вечер за македонските младинци: Италија победи со 4:0