Утрински Весник
Македонија

Алијансата за Албанците ја прекина соработката со ВМРО-ДПМНЕ

Алијанса за Албанците соопшти дека ја прекинува соработката со, како што велат, сите политички субјекти кои не ја рефлектираат и запираат логиката на политичко профитерство со анатемизирање на Албанците.

dobivaj vesti na viber

Одлуката на Алијансата доаѓа по вчерашните настани кај Мавровка кога вооружена група ги нападна демонстрантите кои протестираа против францускиот предлог. Меѓу нив беше и Цуфи Кока, член на АА и брат на Зуди Енузи, в.д. директор на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ во Скопје. Енузи синоќа беше разрешен од функцијата од страна на градоначалничката Данела Арсовска поради случувањата.

Од Алијансата  нема осуда за инцидентот, туку во допис наведуваат дека настаните пред Мавровка биле сценарио за напад врз Албанците од Скопје и нивните имоти.

Претходно Арсовска изјави дека не може да се соработува со луѓе кои оправдуваат насилство и вооружени напади, и не ја разбира ароганцијата и коментарите на потпретседателот на АА, Арбен Таравари со оглед на тоа што соработката прекинала уште вчера.

Можете да прочитате

Наутро свежо, преку ден топло

КОД открива: Фарма во Трубарево добила лиценца за отпад – зад неа стоеле „Нула отпад“ и „Ф-Групација“

Расипан клучниот радар во МНАВ, контролорите не ги гледаат авионите при слетување