Утрински Весник
Македонија

Во Охрид уапсен жител на Љубојно осомничен за тешка кражба

МВР информира дека на 06.07.2022 во 19.00 часот во Охрид, полициски службеници од Одделeнието за криминалистичка полиција при СВР Охрид го лишиле од слобода Ѓ.З.(31) од с.Љубојно, ресенско.

dobivaj vesti na viber

Тој бил баран по централен распис од СВР Битола, поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Притоа, кај него биле пронајдени пари, во различни апоени и валути и повеќе други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Какво време нè очекува денеска? Облаци, сончеви периоди и југозападен ветер

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец