Утрински Весник
Свет

Се удавила себе си и трите деца откако мажот и се самоубил

Жена од Минесота ги удавила своите три деца и себе си минатата недела откако претходно ја повикала полицијата за да пријави смрт на својот сопруг, јавуваат тамошните власти.

dobivaj vesti na viber

Телата на трите деца и нивната мајка биле извлечени од езерото Ваднаис, а неколку дена подоцна шерифот на округот Ремси го објави идентитетот.

Мајката Моли Ченг (23) ги удавила децата на 3, 4 и 5-годишна возраст, пренесува „NBC news“.

Таткото на децата, Џи Ли (27) неколку дена претходно се самоубил со огнено оружје. Шерифот се уште ги истражува околностите околу трагичниот настан.

Ченг пријавила во петокот дека нејзиниот сопруг се застрелал. Истиот ден, роднина на семејството ја алрмирал полицијата дека Ченг би можела да се самоубие, по што тргнала потрага по жената и трите деца.

Бил следен нејзиниот мобилен телефон, се до езерото каде бил пронајден и нивниот автомобил.

Безживотните тела на мајката и децата биле извлечени од езерото минатиот викенд.

Можете да прочитате

Скандал во Британија: Сопруг ја дрогирал жената и ја давал на други мажи

Спречен обид за пробив во нуклеарна база во Шкотска од Иранци

Џорџија го укина на 60 денови данокот на гориво поради војната на Блискиот исток