Утрински Весник
Македонија

Арсовска го разреши директорот на „Комунална Хигиена“ по инцидентот кај Мавровка

Директорот Зуди Енузи е разрешен од позицијата вршител на должност на јавното претпријатие Комунална Хигиена, информираат од Град Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Градот Скопје како град на соживот и солидарност не смее да биде центар на насилство и пресметки со огнено оружје и креирање меѓуетнички тензии меѓу нашите сограѓани. Политиката зема замав и во ниту еден случај не смее да влијае на професионалноста на водењето на институциите.

И покрај одличното и професионално менаџирање со јавното претпријатие Комунална Хигиена од страна на Зуди Енузи, сепак мојот етички кодекс не дозволува тој да продолжи да раководи со претпријатието. Затоа истиот е разрешен од позицијата вршител на должност“, се наведува во соопштението на градоначалничката Данела Арсовска.

 

Можете да прочитате

Дирекцијата за заштита и спасување немала вршено инспекции во дискотеки пред кочанската трагедија

Хуманоста на дело: Кумановскиот оџачар Дино со нова акција за настраданите во Кочани

СДСМ: „Извештајот на „Фридом хаус“ е потврда за загрозените слободи во Македонија