Утрински Весник
Македонија

Мицкоски тврди дека ги пријавувал заканите, но не било постапувано

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Службите не постапувале по пријавите за елиминација на Христијан Мицкоски. Лидерот на опозицијата ова го изнесе пред јавноста на прес-конференција, откако претходно на социјалните мрежи кажа дека денеска сакале да го убијат.

dobivaj vesti na viber

„Се што сум добивал закани сум ги пријавил таму каде што треба. Пратеници задолжени за надзор на службите беа да видат дали се постапува. Не постапуваат. Нема повратно ништо. Не постапуваат. Немам обезбедување од МВР, обезбедувањето ми е укинато. Немам намера ни да го прифатам ако ми биде понуден. Нормално е дека сум загрижен. Страв имам од едно, а тоа е од Господ. Такви нема на земјата”, додаде Мицкоски.

Можете да прочитате

МВР со детали за убиството на турскиот државјанин во Скопска чаршија

Мицкоски најави ново линеарно зголемување на пензиите во април

31 пациент, половина малолетници примени на Токсикологија