Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Инцидентот инсцениран од активистите на коалицијата: Алијанса-ВМРО-Левица

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Случувањата кај Трговскиот центар Мавровка се инсценирани од активистите на коалицијата: Алијанса-ВМРО-Левица, тврди владејачката Демократска Унија за Интеграција.

dobivaj vesti na viber

„ДУИ најостро ги осудува инцидентите на антиевропските протести поттикнати од проруските елементи во нашето општество, вклучително и сценариото што вечерва беше реализирано на плоштадот Скендербег во Скопје. Инцидентот меѓу активистите на ВМРО, ЛЕВИЦА и Алијанса не може да не се смета за однапред смислен и испланиран од оваа коалиција бидејќи протагонисти беа токму овие три партии и нивните поддржувачи.

Лицето што вечерва ги нападна своите коалициски партнери, вчера заедно со својот брат водеше кампања за ВМРО-ДПМНЕ, додека денес е функционер на ВМРО, директор на Комунална Хигиена во Скопје.

ДУИ повикува на смиреност и не поттикнување на меѓуетнички инциденти и насилство на протестите.

Антиевропските сили нема да успеат затоа што нашата земја е во НАТО и граѓаните ја сакаат Европа“, се наведува во соопштението на ДУИ.

Можете да прочитате

Пожар на повеќе локации на Скопска Црна Гора

12-годишно дете со тешки повреди по експлозија на петарда во парк во Аеродром

МВР со детали за убиството на турскиот државјанин во Скопска чаршија