Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Џафери за вчерашните протести: Протест – ДА, хулиганство -НЕ

300x250 opst2

„Синоќа, законодавниот дом беше повторно мета на лицата што протестираа, кои со насилно однесување, хулиганство, користење на тврди предмети, изразување на вербални закани и поттикнување омраза кон сите кои не мислат како нив, го изразија својот став и мислење во однос на францускиот предлог“ се вели меѓудругото во соопштението од претседателот на Собранието, Талат Џафери.

dobivaj vesti na viber

„Јас признавам и поддржувам сечие право на протест, на искажување став, меѓутоа, тоа не значи да се повредуваат полициски службеници кои ја извршуваат својата должност, тоа не значи да се предизвика материјална штета која повторно ќе се одрази негативно врз сечиј буџет, и тоа не значи да се искажува навреда и да се поттикнува омраза кон припадници на друга заедница, рамноправни граѓани на Република Северна Македонија“ вели во Џафери.

Тој посочува дека „сите сме засегнати од актуелната политичка, безбедносна, економска ситуација и сите заедно ќе придонесеме во што побезболно надминување на истата, меѓутоа не на овој начин, ова не е решение“.

Можете да прочитате

Приведен скопјанец кој физички ја нападнал партнерката и го одзел нивното бебе

Возеле цик-цак, полицијата им нашла 110 грама кокаин – Две лица од Брвеница осомничени за трговија со дрога

„Газат кал, немаат вода“ СДСМ најавува нов почеток за Куманово со Мартин за градоначалник