Утрински Весник
Свет

(Видео) „Да станам да му го скршам носот“, избегната тепачка во собранието во Црна Гора

Во Собранието на Црна Гора, беше избегната тепачка по жестока расправа меѓу пратениците, информираат тамошните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Пратеникот Марко Милачиќ го обвини министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и вицепремиер Владимир Јоковиќ дека земал кредити и купил диплома на бензинска пумпа во Затон.

На ова реагираше пратеникот на СНП, Драган Ивановиќ, кој изјави дека се работи за измислици.

Меѓутоа, после тоа дошло до расправија и закани, а за малку и до физичка пресметка. За да се избегне влошување на ситуацијата била дадена пауза, јавуваат медиумите.

Можете да прочитате

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот

Пезешкијан ги обвини САД за неуспехот на привремениот договор

Илјадници луѓе протестираат во Турција поради притисокот врз новинарите и медиумите