Утрински Весник
Економија

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Penzioneri 696x442
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

 

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јуни 2022 година.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 4 јули 2022 година.

 

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

· 4.7.2022– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ

· 5.7.2022– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш

Можете да прочитате

УЈП: Потпишан трипартитен договор за целосна примена на Законот за работно ангажирање на лица

Новата година носи поскапување на градинките во десетици општини

Македонските семејства над половина од буџетот го трошат на храна