Утрински Весник
Магазин

Линдзи Лохан се омажи за финансиер од Дубаи

Линдзи Лохан се омажи за Бадер Шамас.

dobivaj vesti na viber

36-годишната актерка се огласи на социјалните мрежи за да објави дека се венчала со финансиерот од Дубаи.

Покрај фотографијата од себе и Бадер, Линдзи на Инстаграм напиша: „Јас сум најсреќната жена на светот. Ти ме најде и знаеше дека сакам да најдам среќа и благодат, сето тоа во исто време. Пресреќна сум што си моја сопруг, мојот живот и моето сè. Секоја жена треба да се чувствува вака секој ден.

Претставник на актерката подоцна потврди за „Ентертејнмент тунајт“ дека двојката сега е легално во брак.

Линдзи и Бадер ја објавија свршувачката во ноември, кога ѕвездата на Mean Girls ја сподели веста со своите следачи на социјалните мрежи

Можете да прочитате

Поради шега што ја направил на девет години, добил доживотна забрана за летање – Години подоцна стана гласот на аеродромот

Американец ја тужи „Опен-АИ“: Чет-ГПТ и помагал на сопругата да испланира како да го убие

Истражување: Младите ширум светот сè помалку физички активни