Утрински Весник
Спорт

Синер го чека Ѓоковиќ во четврт-финалето на Вимблдон

Италијанскиот тенисер Јаник Синер, кој е десетти носител, се пласира во четврт-финалето на Вимблдон каде го очекува најверојатна пресметка со Новак Ѓоковиќ. Тој го совлада Карлос Алкараз со 3:1 во сетови (6:1, 6:4, 6:7, 6:3) и обезбеди трето четвртфинале на грен-слем турнир во кариерата.

Бранителот на титулата на престижниот турнир во Лондон, Новак Ѓоковиќ, сега ќе истрча на теренот на дуел против Холанѓанецот Тим ван Ријтовен, кој е рангиран на 104. позиција на АТП листата.

Белгискиот тенисер Дејвид Гофан се пласираше во четвртфиналето откако по пет сета го совлада Американецот Френсис Тијафо со 7:6, 5:7, 5:7, 6:4, 7:5.

Гофан во четвртфиналето ќе игра против Британецот Камерон Нори, кој го победи Американецот Томи Пол со 6:4, 7:5, 6:4. Тој стана првиот британски играч кој стигнал до четвртфиналето по Енди Мареј во 2017 година.

Можете да прочитате

Јамал можно е да има скината тетива, најверојатно сезоната за него е завршена

Со дефиле на делегациите вечерва во Скопје отворено Светското училишно првенство во ракомет 2026

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум